„Одличен советник“, вака севернокорејските државни медиуми ја опишаа ќерката на Ким Џонг-ун, пренесува париски Фигаро.
Во извештајот, заедно со фотографиите на Ким Џонг-ун и неговата ќерка, се наведува дека лидерот на Северна Кореја и неговата ќерка, придружувани од кадри од партијата, владата и армијата, посетиле фарма.
Досега официјален Пјонгјанг никогаш не ја опиша ќерката на севернокорејскиот лидер како таква, а државните медиуми никогаш не ја идентификуваа по име. Сепак, јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека тоа е Ју Ае, второто дете на Ким Џонг-ун.