Новиот ирански врховен водач: Војната наметнува потежок товар за функционерите


Depositphotos_685121920_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот ирански врховен водач, Мојтаба Хаменеи, упати писмена порака по повод две години од погибијата на поранешниот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Во изјавата што ја пренесе новинската агенција „Фарс“, тој порача дека земјата пружа „единствен историски отпор на две глобални терористички армии“, мислејќи на Израел и САД.


Хаменеи призна дека реалноста на војната наметнува потежок товар на одговорност врз плеќите на функционерите на Исламската Република. Тој истакна дека лидерите мора активно да ги решаваат економските проблеми, да одржуваат „широко и директно присуство“ во јавноста, да се заколат на „единството на нацијата“.

Самиот Хаменеи не се појавил во јавноста, ниту пак се слушнал неговиот глас откако ја презеде должноста од својот татко, кој беше убиен во американски напад.

Според медиумските извештаи, Мојтаба Хаменеи бил тешко повреден во истиот инцидент и сега се крие, стравувајќи од нов американски напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK