Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

navalni3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на „странски агенти“, денеска објави дека стотина документи кои содржат информации поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, а кои укажуваат на можно труење на опозиционерот.



„Инсајдер“ добил пристап до стотици официјални документи поврзани со смртта на Алексеј Навални во поправната колонија „Поларниот волк“.

Врз основа на тие документи, порталот наведува дека руските власти намерно ги отстраниле референците за симптоми кои не биле вклучени во официјалната верзија, пренесува Танјуг.

Според лекарскиот извештај, „овие симптоми недвосмислено укажуваат дека Навални бил отруен“, се наведува во текстот на медиумската куќа за истражувачкото новинарство.

Според порталот, меѓу документите се пронајдени две верзии на одлуката со која се одбива да се поведе кривична постапка.

Зборовите дека Навални имал стомачни болки, гадење и грчеви пред смртта исчезнале од втората и последната верзија, а истата информација ја има и во вториот документ во описот на „отстранетите ставки“.

Судејќи според текстот на документот, тие се испратени на преглед, иако претходно не се најавуваше ниту самиот преглед, ниту фактот дека Навални воопшто имал мачнини.

Документите ги коментираше лекарот Олександр Полупан, кој го лекуваше Навални по труењето со „Новачок“ во август 2020 година во Омск. Тој изјави дека симптомите укажуваат на труење со органофосфати.

Според „Инсајдер“, овие документи ги потврдуваат зборовите на Јулија Навални, која претходно изјавила дека во последните минути пред смртта Навални навистина се пожалил на остра болка во стомакот.

Навални беше затворен во 2021 година и по бројни судења беше осуден на повеќе од 20 години затвор.

Почина во затвор во февруари 2024 година. Руската опозиција смета дека станува збор за насилна смрт.

Истражниот комитет на Јамало-Ненецк автономен округ на Руската Федерација тврди дека лидерот на руската опозиција починал на медицинскиот оддел по неуспешни мерки за реанимација, па истрагата нема да се води.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK