Новата влада во Велика Британија сака безбедносен пакт со Брисел

677z381_10-668b92e0ddc7b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британската Лабуристичка партија сака да склучи заеднички безбедносен пакт со ЕУ, кој ќе опфати широк спектар на прашања, вклучувајќи одбрана, климатска криза, пандемии и нерегистрирана миграција, изјави новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Леми.

Тој изјави за Гардијан дека безбедносниот пакт нема да ја загрози посветеноста на лабуристите да останат надвор од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

Леми посочи дека сакаат „структуриран дијалог“ со ЕУ и изјави дека Лабуристичката партија сака безбедносна соработка со ЕУ со структура слична на Советот за трговија и технологија ЕУ-САД, кој е составен од бројни поткомитети и одржува годишен самити.

Исто така, новиот британски премиер Кир Стармер во неделата, за време на неговата посета на Единбург, која ја најави како „итно ресетирање“ на односите со регионалните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс, зборуваше за тоа како ќе работи на подобрување на „пропаднатиот“ трговски договор на Обединетото Кралство и ЕУ, пренесува АП.

„Мислам дека можеме да постигнеме многу подобар договор од неуспешниот договор со кој (поранешниот премиер) Борис Џонсон ја оптовари Велика Британија“, рече Стармер за договорот по Брегзит.

Стармер рече дека претстојат многу разговори со цел зајакнување на трговските и одбранбените односи со ЕУ, како и во истражувачкиот сектор, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK