Норвешка е третата земја која ќе донира авиони Ф-16 на Украина

f-16-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешка одлучи да ѝ донира борбени авиони Ф-16 на Украина со цел да се бори против руската инвазија, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.


ТВ2 не објави колку авиони Норвешка ќе му даде на Киев. Норвешкото министерство за одбрана сè уште не одговорило на барањето на Ројтерс за коментар.

Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде третата земја која ќе донира американски борбени авиони Ф-16 на Украина, заедно со Данска и Холандија.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во четвртокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленскии во Киев и најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема, но не кажа ништо за авионите Ф-16.

Норвешките воздухопловни сили минатата година пензионираа флота од 57 Ф-16 авиони. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија, што според Стоере е конечниот договор.

Дванаесет авиони Ф-16 треба да бидат продадени на приватна компанија која ги обучува американските воздухопловни сили, но тој план допрва треба да добие конечно одобрение и некои аналитичари веруваат дека авионите би можеле да бидат донирани на Украина.

Норвешкото министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка и дека може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат.

Норвешка го замени својот авион Ф-16 со моделот Ф-35.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK