(Видео) Голманот на Бока Јуниорс тргна да се тепа со навивачите

La-colere-de-Sergio-Romero-face-aux-supporters-de-Boca-Juniors-1941765.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Бока Јуниорс, Серхио Ромеро, по поразот на домашен терен во Супер класико, влезе меѓу навиваѓите и имаше жестока расправија со нив.



Откако судијата означи крај на натпреварот, искусниот голман влезе на трибината. Настана хаос бидејќи некои навивачи го нападнаа додека други се обидуваа да ја смират ситуацијата.

Фудбалерите на Ривер Плата славеа во дуелот со Бока Јуниорс на гостински терен со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мануел Ланцини во 20. минута.

Бока можеше да дојде до еден бод, но голот на Милтон Хименез во седмата минута од судиското надополнување беше поништен поради играње со рака.

Се појави видео на кое се гледа како голманот Ромеро, откако го кон него и соиграчите се упатени серија навреди влегува на трибината.

Додека дел од навивачите се обидуваа да го нападнат голманот, други се обидуваа да ја смират ситуацијата. Благодарение на интервенцијата на играчите и редарите, спречен беше поголем инцидент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK