„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран


sad-iran-depositphotos_697354794_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската војска подготвува опции за продолжување на големи борбени операции против Иран, иако претседателот Доналд Трамп во моментов не покажува подготвеност за нова голема ескалација на војната. По негова наредба, Пентагон изготви планови за напади врз ирански беспилотни летала, ракетни арсенали, енергетски капацитети и други воени цели.


Во исто време, значајни американски воени сили се распоредуваат во регионот. Се очекува наскоро на Блискиот Исток да пристигнат три носачи на авиони, што претставува прв случај од 2003 година таму истовремено да бидат распоредени три американски носачи, пренесува „Њујорк тајмс“.

Сепак, во последните месеци, Трамп постојано ги отфрлаше предлозите за големи напади врз Иран или врз Хутите во Јемен. Вчера, тој изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите на средината на мандатот и дека двете земји водат „продуктивни разговори“.

Високи американски безбедносни претставници, предводени од потпретседателот Џеј-Ди Венс, минатиот петок во Кемп Дејвид разговараа за нови опции за напади. Според лица запознаени со предлогот, планот се фокусира на кратка, интензивна кампања што би траела приближно три дена.

Главни цели би биле иранските ракети и беспилотни летала, особено арсеналот што Иранската револуционерна гарда го надополнила по претходната фаза од војната. Меѓу можните цели се и енергетските постројки и командните пунктови на Револуционерната гарда.

Истовремено, американските власти тврдат дека е постигнат одреден напредок во дипломатските преговори преку посредници. Најголема точка на спор останува иранската нуклеарна програма: Вашингтон сака прво да постигне договор за нуклеарните прашања, додека Техеран инсистира за тоа да се разговара на крајот.

Тимот за национална безбедност на Трамп и Пентагон во последните месеци му претставиле на претседателот пет предлози за големи операции против Иран или Хутите, според американски официјални лица. Трамп секој пат ги одбивал.

Некои од неговите најблиски соработници се сè поскептични околу идејата дека нов голем напад би го променил однесувањето на Техеран. Некои сметаат дека економскиот притисок веќе дава резултати и дека треба да му се даде повеќе време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK