Во недела дел од мостот „Близнак“ ќе биде затворен поради поправка на оградата


most-bliznak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во недела, дел од мостот „Близнак“ ќе биде затворен за сообраќај поради санација на оградата на мостот, информира ЈП „Улици и патишта“- Скопје.


„На 11 октомври, недела, екипа на ЈП ‘Улици и патишта’ – Скопје, на потегот долж булевар ‘Киро Глигоров’ преку мостот ‘Близнак’, од крстосницата со улица ‘Индустриска’ до крстосницата со булевар ‘АСНОМ’ (во насока на движење кон населба Аеродром), во период од 6 до 8 часот наутро, ќе реализира активности за санација на оштетената заштитна пешачка ограда на мостот, односно замена и монтажа на оштетените оградни елементи на мостот“, информира претпријатието.

Поради изведба на работите, ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот, а останатата сообраќајна лента во насоката на движење останува слободна за непречено одвивање на сообраќајот.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи до завршување на работните активности и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот“, велат од ЈП „Улици и патишта“- Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK