Нетанјаху: Сите заложници ќе ги вратиме дома, живи или мртви

Нетанјаху-Ни-кажаа-дека-нема-да-можеме-да-влеземе-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на преостанатите заложници дома, откако претходно денеска беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас.

Тој истакна дека срцето му е „скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Ицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата. Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанијаху.

Претходно денеска потпретседателот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека се пронајдени телата на тројцата заложници киднапирани на музичкиот фестивал „Супернова“.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

Меѓу пронајдените тела на заложниците е и телото на германско-израелската државјанка Шани Лук (22), која стана симбол на нападот на Хамас на музичкиот фестивал.

Војската ги идентификуваше другите две тела како 28-годишната жена Амит Бускила и 56-годишниот маж Ицак Гелерентер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK