Нетанјаху: Се обидуваме да го намалиме бројот на убиени цивили во Газа, но безуспешно

Нетанјаху-Се-обидуваме-да-го-намалиме-бројот-на-убиени-цивили.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел прави се што може за да ги извлече цивилите од опасност додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и фрлање летоци со предупредување да бегаат, но неговите обиди да ги минимизираат жртвите не беа успешни, изјави вчера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.


Нетанјаху беше прашан од Си-би-ес Њуз дали убиството на илјадници Палестинци од страна на Израел како одмазда за нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври ќе поттикне нова генерација на омраза.

„Секоја цивилна смрт е трагедија и не треба да ја имаме бидејќи правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи во опасност“, рече Нетанјаху.

„Тоа е она што ние се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме успешни“.

„Затоа испраќаме летоци, им се јавуваме на мобилните телефони и им кажуваме да си одат. А многумина си заминаа“, додаде тој. Израел изјави дека целта на неговата воена кампања е уништување на Хамас. „Втората работа што можам да ја кажам е дека ќе се обидеме да ја завршиме таа работа со минимални цивилни жртви. Тоа е она што се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме успешни“, рече Нетанјаху.

Палестинските цивили го понесоа товарот од повеќенеделната воена кампања на Израел како одговор на нападот на Хамас за кој Израел вели дека загинале 1.200 луѓе, главно цивили. Според Израел, Хамас зеде како заложници околу 240 луѓе од различни националности.

Министерство за здравство во Газа: Најмалку 11.500 луѓе загинаа

Здравствените власти во Газа, на кои им веруваат Обединетите нации, велат дека е потврдено дека загинале најмалку 11.500 луѓе во израелското бомбардирање и копнена инвазија, од кои повеќе од 4.700 се деца.

Две третини од 2,3 милиони жители на Појасот Газа останаа без покрив над главата поради војната. Вчера, израелските воздухопловни сили фрлија летоци во делови од јужна Газа во кои им кажуваа на луѓето да се евакуираат за своја безбедност.

Израел, исто така, користеше летоци во северниот дел на Газа за да ги предупреди цивилите да си заминат. Стотици илјади го сторија тоа во масовното раселување за кое многу Палестинци стравуваат дека може да стане трајно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK