„Сакам да ја намалам на нула финансиската поддршка од САД, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 минути“ на CBS News.
Израел добива околу 3,8 милијарди долари американска воена помош годишно, рече тој. Соединетите Американски Држави се согласија да обезбедат вкупно 38 милијарди долари воена помош за Израел од 2018 до 2028 година.
Но, ова е „апсолутно“ вистинско време за евентуално ресетирање на финансиските односи меѓу САД и Израел, рече Нетанјаху.
Поддршката е поделена
„Не сакам да чекам до следниот Конгрес“, изјави тој за CBS. „Сакам да почнам сега“, објави Ројтерс.
Иако Израел долго време ужива двопартиски консензус во рамките на Конгресот на САД за воена помош, поддршката од пратениците и јавноста е поделена од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.