Нетанјаху: Доживеавме еден од најтешките денови во војната, ќе продолжиме до победа

Нетанјаху-Доживеавме-еден-од-најтешките-денови-во-војната-ќе-продолжиме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по експлозијата во Појасот Газа, во која загинаа 21 израелски војник, дека Израел ќе продолжи да се бори во Газа до „апсолутна победа“, и покрај тоа што претрпе еден од најтешките денови од почетокот на воената офанзива против палестинците.

„Вчера доживеавме еден од најтешките денови од избувнувањето на војната. Во името на нашите херои, во името на нашите животи, нема да престанеме да се бориме до апсолутна победа“, рече Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека војската ја истражува „трагедијата“ во која загинаа 21 војник кога експлозии погодија згради во центарот на Газа.

Израел претходно соопшти дека 21 војник загинал во Појасот Газа кога две згради се урнале по голема експлозија и наводно тенк бил погоден со проектил.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, израелската армија сè уште ја истражува причината за експлозијата, но се верува дека е предизвикана од проектил испукан кон зграда во која биле складирани мини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK