Несреќа во познат ски-центар: се откачи кабина на жичарница во Австрија, има повредени

Несреќа-во-познат-ски-центар-се-откачи-кабина-на-жичарница-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Четири лица се тешко повредени во Австрија кога утрово се урна кабина на жичарница во ски-центарот Хохец.

Австриската новинска агенција објави дека дрво паднало врз жичницата на жичарницата „Ахеркогелбан“ во скијачката област во провинцијата Тирол и дека кабината се откачила.

Во моментот на несреќата во кабината имало четири лица. Според првите полициски информации од австриската полиција, сите се тешко повредени.

На местото на несреќата се упатиле спасувачи, а ангажирани се и хеликоптери. Идентитетот на повредените се уште не е откриен.

Ски-центарот е привремено затворен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK