„Преморени сме и уморни“: Словенечките лекари штрајкуваат барајќи преговори со Владата

„Преморени-сме-и-уморни-Словенечките-лекари-штрајкуваат-барајќи-преговори-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Словенечките лекари денеска стапија во еднодневен штрајк барајќи натамошни преговори со Владата за платите.

„Преморени сме, уморни сме, ги запоставуваме семејствата“.

Синдикатот „Фидес“ одлучи да штрајкува откако Владата на Словенија не одговори на повикот за разговор, пренесува агенцијата „СТА“.

Словенечката министерка за здравство, Валентина Преволник Рупел во соопштение рече дека штрајкот е непотребен.

Таа смета дека разговорите би можеле да започнат денеска и дека договорот може да биде постигнат многу брзо.

Додаде дека Владата на Словенија сака конструктивно да пристапи кон разговорите за да се избегне ескалација, бидејќи „Фидес“ би можел да започне целосен штрајк на 15 јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK