Навални бил малтретиран по неговата смрт? Вдовицата на рускиот опозициски лидер со шокантни тврдења

Навални-бил-малтретиран-по-неговата-смрт-Вдовицата-на-рускиот-опозициски.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јулија Навални денеска изјави дека телото на нејзиниот покоен сопруг Алексеј Навални било злоставувано и дека не е сигурна дали неговиот погреб во петок ќе биде мирен настан или полицијата ќе мора да реагира.

Вдовицата на Алексеј Навални пред Европскиот парламент изјави дека телото на нејзиниот сопруг било злоставувано по неговата смрт во затворот на Арктикот.

Таа предупреди и за рускиот претседател Путин, кого го обвини дека го убил нејзиниот сопруг: „Не си имате работа со политичар, туку со крваво чудовиште“.

Погребот на критичарот на Путин ќе се одржи на гробиштата Борисов, по прошталната церемонија во 14 часот во областа Маржино.

Кремљ вчера предупреди дека Русите не треба да го користат погребот на Навални како момент за протести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK