Најголемата поморска воена вежба на НАТО „БАЛТОПС 2024“ ќе се одржи од 7 до 20 јуни во Балтичкото Море, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавноста на сојузничките воздухопловни сили.
„Овој интегриран пристап кон безбедноста на Балтичкото Море испраќа силна порака до потенцијалните противници, ја одвраќа агресијата, ја подобрува стабилноста и ги обезбедува земјите на НАТО и нивното население“, се наведува во соопштението.
На вежбата ќе учествуваат 19 земји-членки на НАТО со повеќе од 50 бродови, 85 авиони и околу 9.000 војници.
Оваа воена вежба се одржува по 53-ти пат, а поморските и воздушните сили ќе вежбаат медицинска евакуација, заедничко спасување на персоналот, воздушна одбрана и противподморничка војна „за зајакнување на колективните капацитети и подобрување на кохезијата и компатибилноста меѓу сојузниците и партнерите на НАТО“.