Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет кога неидентификуван напаѓач нападнал руска полициска единица во градот Карачаивск во Карачаевско-Черкезија, во Северен Кавказ, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.
Како што се наведува, денеска непознато лице со огнено оружје пукало неколку пати во полициски одред во градот Карачајевск, а потоа напаѓачот го украл службеното оружје и муницијата на полицијата, пренесува Интерфакс.
Потрагата по напаѓачот е во тек.