Едно лице е тешко рането во денешниот ракетен напад на Хезболах врз северен Израел, соопшти израелската медицинска служба.
Брзата помош соопшти дека 28-годишникот е повреден во Долна Галилеја и дека е префрлен во медицински центар во тешка состојба, пишува „Тајмс оф Израел“. Според првите проценки на израелската армија, денеска од Либан кон северот на Израел биле истрелани десетици ракети.
Ракетниот напад предизвика пожари во неколку области на северот на Израел, според Тајмс оф Израел. Нападот доаѓа откако истакнат член на Хезболах беше убиен во вчерашниот напад на израелско беспилотно летало во североисточниот дел на Либан, пренесува Танјуг.