Најстудената зима во последните 50 години во Монголија, угинаа 4,7 милиони животни

g-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Монголија ја погоди најстудената зима во последните 50 години, а поради екстремниот студ угинаа повеќе од 4,7 милиони животни, а загрозена е егзистенцијата и снабдувањето со храна на илјадници луѓе, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст (IFRC).

Од ноември минатата година, најмалку 2.250 семејства кои се занимаваат со сточарство изгубиле повеќе од 70 отсто од својот добиток, а повеќе од 7.000 семејства немаат пристап до соодветна храна, пренесува Си-Ен-Ен.

Екстремната зима зафати три четвртини од Монголија, а се очекува дополнително влошување на временските услови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK