На американската влада и’ е скапо да ја одржува конфискуваната јахта на богат Русин, сака да ја продаде

На-американската-влада-и-е-скапо-да-ја-одржува-конфискуваната.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американската влада објави дека годишно троши повеќе од седум милиони долари за одржување на конфискуваната јахта „Амадеа“ на рускиот олигарх Сулејман Керимов, кој е под американски санкции, па побара од судот бродот да се понуди на продажба на аукција.

Во 2022 година властите на Фиџи ја зазедоа „Амадеа“ долга 106 метри во согласност со наредбата на американската влада, поврзана со активностите на Русија во Сирија и Украина.

Намерата да се продаде „Амадеа“ на аукција ја попречи поранешниот директор на руската државна нафтена компанија „Роснефт“, Едуард Худајнатов, тврдејќи дека тој е сопственик на јахтата и дека бродот не може да биде запленет, бидејќи не е под санкции на САД.

Обвинителството во Њујорк го информираше судот дека јахтата чини 600.000 долари месечно за одржување и дека преговорите со Худајнатов за преземање на тие трошоци пропаднале.

Доколку американската влада ја продаде „Амадеа“, парите најверојатно ќе бидат проследени во Украина, наведува Ројтерс.

Се проценува дека Керимов и неговото семејство поседуваат имот во вредност од 10,7 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK