Американскиот министер за одбрана го откажа патувањето во Брисел

Американскиот-министер-за-одбрана-примен-на-интензивна-нега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го откажа своето патување во Брисел каде што требаше да учествува на средби со други министри за одбрана на земјите членки на НАТО, изјави денеска американски функционер, еден ден откако шефот на Пентагон беше примен во болница.

Официјалниот претставник, кој не сакаше да биде именуван, рече дека состанокот за одбранбените потреби на Украина, познат како Контакт група за Украина, ќе се одржи виртуелно, пренесе Ројтерс.

Остин (70) вчера бил однесен во Воениот медицински центар Волтер Рид поради „симптоми кои укажуваат на проблем со мочниот меур“, а должностите и ги префрлил на својата заменичка Кетлин Хикс.

Остин (70) беше примен во Медицинскиот центар на националната армија Волтер Рид Мериленд на 22 декември поради лекување на рак на простата.

Тој повторно се врати во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и уринарни инфекции.

Информациите за неговата хоспитализација беа откриени дури четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9 јануари.

Пред неколку дена беше објавено дека Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари во врска со неговото необјавување на дијагнозата за рак и последователната хоспитализација.

Неговите лекари претходно објавија дека прогнозата за лекување на ракот е одлична.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK