-Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша поилскиот премиер



„За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Приватната воена група до вчера беше под комплетна контрола на Евгениј Пригожин, за кој се смета дека загина во авионска несреќа.

Платениците на „Вагнер“ во јуни и јули беа преместени во Белорусија, по бунтот предводен од Пригожин, при што нивното присуство во Белорусија се сметаше за потенцијална закана за соседна Полска, појсанува Скај Њуз.