Млад човек до смрт ги избодел родителите и братот во Германија, тешкo ја ранил неговата сестра

гер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Млад човек од германскиот округ Валдшут до смрт ги избодел родителите и братот, додека тешко ја ранил својата сестра, пренесува германскиот весник „Билд“.

Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција.

Таткото и мајката, како и братот (34) се убиени на лице место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.

Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност.

19-годишното момче е уапсено на лице место. Тој има германско и италијанско државјанство, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK