Мирзијаев распиша предвремени претседателски избори во Узбекистан

mirzijaev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијаев денеска распиша предвремени претседателски избори со цел да ја добие поддршката од граѓаните за спроведување на реформите.







Тој не го соопшти датумот на изборите, но според руски медиуми тие се закажани на 9 јули. На референдумот на 30 април, узбекистанските граѓани го одобрија пакетот уставни амандмани, според кои Мирзијаев ќе може да се кандидира за уште два мандати, кои беа продолжени од пет години на седум.

Мирзијаев (65) истакна дека е потребен нов мандат за да се спроведат понатамошни реформи.

– Во сегашната ситуација, кога во светот и во нашиот регион преовладуваат тешки и сложени процеси, наоѓањето на вистинскиот и ефективен начин на развој и негово спроведување стануваат најважно и итно прашање, наведе Мирзијаев.

Во Узбекистан нема силни опозициски лидери кои би можеле да му конкурираат. Узбекистан има 35 милиони луѓе.

Мирзијаев дома и во странство е пофален за либерализација на поранешната советска република и за отворање на економијата кон светската трговија и странските инвестиции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK