Министрите за одбрана на Јапонија и Кина, со телефонски разговор денеска го означија почетокот на функционирањето на телефонската линија отворена со цел градење доверба и подобрување на комуникацијата меѓу двете земји во време на засилени тензии поради воените активности на Пекинг.
Јапонскиот мнистер за одбрана Јасуказу Хамада и неговиот кинески колега Ли Шангфу разговараа околу 20 минути првпат преку телефонската линија воспоставена на 31 март, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
Двајцата министри во текот на разговорот го поздравија отворањето на телефонската линија и рекоа дека од големо значење е тоа што постои „механизам за поморска и воздушна комуникација“, кој вклучува и линија за итни случаи која служи за избегнување на непредвидливи ситуации.
Токио и Пекинг имаат спор околу малите острови во Источното Кинеско Море, кое е под контрола на Јапонија, познати како Сенкаку во Јапонија и Диаоју во Кина.