Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење


Вучиќ-Од-94-милиони-евра-за-гасоводот-Србија-Бугарија-50-милиони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ треба да се состанат на 29 септември во Ирска на неформални разговори, во услови на раст на цените на гасот и предупредувања за зголемени трошоци за енергија.


Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен во писмо до министрите повика земјите членки да разгледаат мерки за намалување на потрошувачката на гас и електрична енергија, како и дополнително полнење на складиштата.

Складиштата за гас во Европа моментално се исполнети околу 70 отсто, додека цената на гасот на холандскиот референтен пазар ТТФ веќе неколку недели е над 70 евра за мегават-час, што е ниво незабележано од енергетската криза во 2022 година, пренесува „Еурактив“.

Јоргенсен предупреди дека Европа се соочува со ценовна криза поврзана со состојбата на снабдувањето. Според него, покрај напнатата состојба на глобалниот пазар на течен природен гас, исклучително топлото и сушно лето дополнително ги оптоварило електроенергетските системи во неколку земји членки.

Како можни мерки тој ги наведува поттикнувањето на домаќинствата да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во периодите на најголема побарувачка, ограничувањето на греењето во јавните објекти и исклучувањето на непотребното јавно осветлување во текот на ноќта.

Целта е да се намали потрошувачката на гас за производство на електрична енергија и да се зголемат резервите во складиштата.

Јоргенсен, сепак, нагласи дека во моментов нема непосреден ризик за безбедноста на снабдувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK