Мигрантите во Германија добија лажни авионски билети со порака: „Убаво е и во вашата татковина“

lazni-karti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членови на десничарската Алтернатива за Германија (АФД) во југозападниот германски град Карлсруе им поделиле илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација во нивната „безбедна земја на потекло“.


„Убаво е и во вашата татковина“, пишувало на флаерите, на кои се наведува датумот на заминување 23 февруари, кога во Германија се одржуваат предвремени парламентарни избори, објави „Политико“.

За време на партиската конвенција викендот, кандидатот за канцелар на АфД, Алис Вајдел рече дека партијата ќе изврши „големи репатријации“ доколку дојде на власт.

„Само ремиграцијата може да ја спаси Германија“, пишува на лажните авионски билети, како што се гледа на сликата што ја сподели АФД на социјалните мрежи.

Полицијата го истражува инцидентот како можен случај на говор на омраза, објави јавниот радиодифузен сервис SWR. Телевизијата објави и дека лажните карти се делеле во населби со голем број мигранти. Партијата, сепак, негираше дека конкретно таргетирала мигрантски населби. Политичките лидери во Германија го критикуваа потегот.

„Никој нема да дојде во Германија ако почувствува дека овде владее расизам, а тоа е чист расизам“, изјави кандидатот на Зелените за канцелар Роберт Хабек.

Германската Федерална разузнавачка агенција ја класифицира АФД како потенцијална екстремистичка организација. И покрај ова, партијата во моментов е на второто место по поддршка од гласачите низ целата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK