Мелони: Легалната миграција нема да ја реши европската демографска криза

epa10625177 Italian Prime Minister Giorgia Meloni attends a joint press conference with Ukraine's president at Chigi Palace in Rome, Italy, 13 May 2023. It is the first time Zelensky visits Italy since the start of the Russian invasion of Ukraine in February 2022.  EPA-EFE/ANGELO CARCONI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извесна легална миграција може да придонесе за европските економии, но миграцијата не е решение за демографската криза на континентот, изјави во Будимпешта италијанскиот премиер Џорѓа Мелони.

Таа зборуваше на демографскиот самит во Будимпешта, чиј домаќин беше унгарскиот десничарски националистички премиер Виктор Орбан, долгогодишен политички пријател на Мелони, пренесува Ројтерс.


„Мислам дека квотата за легална миграција може да даде позитивен придонес за нашата економија, но останувам убеден дека би било поодговорно да им довериме на европските граѓани да најдат решение за европската социјална криза“, рече Ѓорѓа Мелони.

Коалицијата на Ѓорѓе Мелони, која дојде на власт минатата година, се залага за националистичка агенда која вклучува остар пристап кон миграцијата, ветува дека ќе ја зголеми рекордната ниска стапка на наталитет во Италија и ќе ги заостри регулативите против родителството на ЛГБТ и употребата на странски зборови во официјалните документи.

„Живееме во ера во која се што не дефинира е на удар“, рече Мелониева, додавајќи дека одбраната на традиционалниот модел на семејство и Бог е дел од „големата борба“ за заштита на човештвото и правата на луѓето.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK