Реакциите на германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак на интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон укажуваат дека „лекот дејствува на целта“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Тој посочи дека не е практика шефовите на држави да коментираат на тема интервјуа на нивните колеги од други земји, пренесува ТАСС.
„Но, во овој случај, еве. Двајца од најголемите политичари на нашето време, чудниот Британец Сунак и чистокрвниот Шваба Шолц, почнаа да изразуваат несогласувања со содржината на интервјуто на рускиот претседател Такер Карлсон. Не им се допаѓа, не ги сакаат аргументите и генерално ништо не им се допаѓа“, напиша Медведев на Телеграм.
Тој заклучи дека тоа покажува дека „лекот удрил токму таму каде што треба“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за грубо погрешно прикажување на потеклото на конфликтот и ситуацијата во Украина за време на интервјуто што му го даде на Карлсон минатата недела.
Значаен дел од двочасовниот разговор на Путин со Карлсон, кој беше објавен на 9 февруари, беше посветен на украинскиот конфликт и односите на Русија со САД, НАТО и Западот воопшто.