Маж загина во пожар во Грција, туристите евакуирани

1692615514_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постар маж загина во пожар во грчката префектура Беотија, соопштија денеска грчките власти, додавајќи дека пожарникарите се уште се борат со пожарите во другите делови на земјата.


„Стариот овчар влетал во својата штала за да ги спаси животните и умрел, најверојатно поради вдишување чад“, изјавил портпаролот на противпожарната служба.

Голем шумски пожар избувна денеска во Беотија, 100 километри северно од Атина, соопштија спасувачките служби. Евакуирани се туристите на блиската плажа. Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 56 пожарникари и четворица пожарникари.

Вториот пожар избувна на островот Евија каде со пожарот се борат 42 пожарникари и четири авиони. Цивилната заштита денеска издаде предупредување за екстремен ризик од пожар во регионот на Атина и четири други области на југот на Грција.

Високите горештини и сушата ќе траат до петок. Пожарите се уште беснеат во североисточна Грција во близина на пристанишниот град Александрополи.

Повредени се седум пожарникари и еден доброволец, тие се хоспитализирани.

Околу десетина населби беа евакуирани викендов, а властите ги повикаа жителите да останат во затворени простории поради чадот. Во областа е прогласена вонредна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK