Макрон му порача на Нетанјаху: Присилното преместување на населението е воено злосторство

500000-луѓе-го-напуштија-северниот-дел-на-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон го потврди своето противење на офанзивата на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафах и го предупреди дека секое принудно преместување на населението ќе претставува воено злосторство, соопшти прес-службата на соопшти Елисејската палата.


Макрон, кој повикува на итен и траен прекин на огнот во Газа, исто така ги осуди неодамнешните израелски најави за раселување, додека Израел најави заплена на 800 хектари земја во долината Јордан на окупираниот Западен Брег, објави телевизијата БФМ.

Додека израелската армија од понеделникот спроведува голема операција во болничкиот комплекс Ал-Чифа во градот Газа, каде што тврди дека убила околу 170 борци и вети дека ќе остане додека не се најде последниот човек на Хамас, Макрон изрази длабока загриженост за операции извршени од израелската војска.

Макрон повтори дека иднината на Газа може да се обезбеди само во рамките на идната палестинска држава и под одговорност на палестинската управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK