Мајка го фрлила бебето од трет кат: го исфрлила девојчето во корпата за мачка во Берлин

1718131594_bebe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајката (41) наводно ја ставила својата едногодишна ќерка во корпа за мачка и ја фрлила низ прозорецот од третиот кат, пренесува „Билд“.


Сè се случило во една станбена зграда во Берлин. Инспекторите претпоставуваат дека жената, родум од Чешка, била очајна.

Во понеделникот околу 13 часот, тинејџер слушнал плач од корпа за мачки што лежела на земја зад куќа во областа Алтглиенике. Ја отворил корпата – и открил тешко повредено девојче.

Падот на 21-месечното дете го ублажила голема грмушка која и го спасила животот.

„Девојчето со тешки повреди од падот веднаш е пренесено во болница“, изјави портпаролот на полицијата.

Според информациите на „Билд“, на детето му биле скршени рацете и нозете, но од полицијата велат дека животот не и е во опасност.

Службениците од полицијата брзо успеале да го најдат станот во кој живеело детето.

Според првичните сознанија, 41-годишната мајка во моментот на злосторството била сама во станот од 75 квадратни метри со својата мала ќерка и деветгодишното дете. Имала и мачка.

Инспекторите претпоставуваат дека мајката се чувствувала обземена од нејзината ситуација и во очај го фрлила детето во корпата со мачката низ прозорецот. Жената не се изјаснила во полиција за обвиненијата.

Деветгодишното дете е под старателство на центарот за социјална работа.

Според „Билд“, тешко повреденото девојче е едно од петте деца на жената. Едно дете е веќе пораснато, додека четири се уште живеат со неа.

Според соседите, таа е самохрана мајка и е опишана како „многу мила и полна со љубов“ и „мајка за пример“.

Мајката требало да се појави пред судијата денеска, а попладнето обвинителството соопшти дека мајката ќе биде сместена во психијатриска установа поради сомнение за обид за убиство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK