Луѓето со ХИВ наскоро ќе можат да се приклучат на француските вооружени сили

protest_francija_#45345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Лицата со ХИВ во Франција наскоро ќе можат да се приклучат на жандармеријата, воените пожарникари и вооружените сили, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.







Како што јави радио Франс инфо, Лекорни наредбата ја издал на предлог на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, со цел да се спречи „дискриминација“. Со наредбата ќе се преиспитаат сите критериуми за влез во вооружените сили, со цел да се сменат правилата кои важат од 80-тите години. Лекорни додаде дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро и ќе се однесува на жандармеријата, пожарникарите во Париз и Марсеј и вооружените сили.

Дарманин неодамна во својот предлог до министерот за одбрана изјави дека „медицинските критериуми за способност за интегрирање во националната жандармерија или воената противпожарна бригада (во Париз и Марсеј) во моментов не им дозволуваат на лицата со ХИВ пристап до тие професии. Таквата ситуација наметнува потреба од одреден напредок“.

Француското радио потсети дека полицијата ја укина забраната во ноември 2022 година, бидејќи се сметаше за дискриминација при вработување на лицата со ХИВ. Владата тогаш укина дел од примената на општите критериуми за оценување на физичката подготвеност што се користат во неколку професии во јавниот сервис. Според тие критериуми, лицата со ХИВ се класифицирани како неспособни за вршење работа во јавната служба.

Најновите научни студии покажаа дека луѓето со ХИВ кои примаат соодветна терапија не можат да го пренесат вирусот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK