Ликуд и владините партнери утринава во Кнесетот го усвоија буџетот на Израел

izrael_parlament_3453535
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Пратениците на израелскиот парламент (Кнесет) рано утринава усвоија нов двегодишен буџет по неколкумесечните коалициски расправии околу приоритетите за финансирање, што се заканија да ја соборат владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.







Буџетот би можел да обезбеди барем одредена стабилност на владејачката коалиција во која, покрај конзервативниот Ликуд на Нетанјаху, има и религиозни и ултранационалистички партии.

И додека буџетот може да донесе мир и во владината коалиција, најдесничарска во историјата на Израел, се очекува тој дополнително да ги продлабочи поделбите во земјата, наведуваат американските медиуми.

Критичарите го обвинуваат Нетанјаху дека ги зголемува трошоците за ултраортодоксните сојузници за верските програми кои имаат мала корист за економијата и поширокото општество.

Гласањето траеше цела ноќ, а буџетот беше донесен рано утринава со 64 гласа „за“ и 56 „против“.

Новиот буџет беше критикуван заради издвојувањето на речиси четири милијарди долари за дискрециони фондови, вклучително и за ултранационалистичките партии кои ги поддржуваат еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег.

На тој начин се зголемуваат и контроверзните стипендии на 67,5 милиони долари за оженетите ултраортодоксни мажи за учење во верски училишта место да работат или да служат во војска, што е задолжително за повеќето секуларни млади мажи.

Планирани се повеќе пари за ултраортодоксните училишта критикувани затоа што не учат математика или англиски јазик.

Средствата вклучуваат десетици милиони долари за тврдокорните еврејски доселенички партии да промовираат проекти во министерствата што ги контролираат.

Составот на владата на Нетанјаху, која положи заклетва на крајот на декември минатата година, длабоко ја подели земјата.

Неколку илјади Израелци и вчера протестираа против буџетот пред зградата на Кнесетот, веејќи израелски знамиња и удирајќи на тапани, а притоа ја обвинија владејачката коалиција за „крадење“ државни пари.

На овие помали демонстрации им претходеа повеќемесечни масовни протести против серијата предлози на владата на Нетанјаху за реформирање на правосудниот систем, само за да не му се суди за корупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK