ЛГБТ центарот во Пекинг ги прекинува активностите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пекиншкиот ЛГБТ центар, една од главните организации за заштита на правата на ЛГБТ заедницата во Кина, соопшти дека ќе престане со своите активности.







Организацијата, основана во 2008 година, беше посветена на обезбедување услуги за ментално здравје, здравствена заштита и социјална поддршка на локалната ЛГБТ заедница.

„Со жалење ве информираме дека поради непредвидени околности, ЛГБТ центарот во Пекинг денеска престанува со работа“, се вели во соопштението на групата за човекови права.

Центарот беше познат по својата истражувачка работа и по создавањето мрежи на експерти на кои се потпираше за да ја подигне свеста за тешкотиите со кои се соочуваат хомосексуалците во Кина.

Кинеските власти ја декриминализираа хомосексуалноста во 1997 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK