Најголемата санта мраз во светот, „А23а“ почна да се движи по 30 години заглавување во Веделовото море и има волумен од приближно 1.100 кубни километри и тежи нешто помалку од милијарда тони, што е повеќе отколку што се мислеше.
Научниците дојдоа до големината на ледениот брег со комбинирање на неговата претходно позната површина од 3.900 квадратни километри со новооткриената бројка на нејзината дебелина, која е нешто повеќе од 280 метри, пишува Би-Би-Си.
„А23а“ беше измерен со мисијата Криосат-2 на Европската вселенска агенција, која носи радарски висиметар кој може да насети колку од сантата е над површината на водата, а потоа, користејќи информации за густината на мразот, можно е да се одреди големината на делот што е под вода.
Сега податоците на Европската вселенска агенција CrioSat-2 го потврдуваат она што научниците претходно го претпоставуваа – дека „ледениот џин“ има еден дел кој е значително поголем од останатите, а кој, според експертите, во 2018 година се протегал на 350 метри под површината на водата.
Сателитските снимки покажуваат дури и површински пукнатини кои се отворале директно над делот што служел како сидро со децении, а кои настанале како резултат на силен судир со морското дно.
Во годините што следеа, „А23а“ постепено ја губеше масата за на крајот да се ослободи и да почне да се движи. Ледениот брег стигна до врвот на Антарктичкиот Полуостров, од каде се претпоставува дека ќе го продолжи патувањето кон Јужниот Атлантик.