Лавров: Западот се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија како што направи со Украина

Лавров-Не-е-исклучено-Москва-да-преземе-реципрочни-мерки-ако.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Западот се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија, „како што направи со Украина“.


„Од самиот почеток на постсоветската ера, Западот почна да се меша во односите меѓу Русија и нејзините соседи. Западот сè уште ја води истата политика. Ова е видливо и во Централна Азија и во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз – Молдавија, кои отворено се подготвуваат да станат наследник на Украина од гледна точка на преземање на целото нејзино раководство“,  изјави Лавров на новинарите, пренесува РИА.

Односите меѓу Москва и Кишињев се влошија откако прозападната политичарка Маја Санду стана претседател на Молдавија кон крајот на 2020 година. Минатата година Санду ја претстави Стратегијата за национална безбедност која, меѓу другото, го прогласи партнерството со САД за клучен аспект на националната безбедност.

Од друга страна, Кремљ оваа стратегија ја смета за најголема закана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK