– Прекинот на договорот за жито подразбира „повлекување на безбедносните гаранции“ за извоз на украински житарки во Црното Море, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со неговиот турски колега Хакан Фидан.
„Ова конкретно значи повлекување на безбедносните гаранции за пловидба и повторно воспоставување на привремена опасна зона на северозападот на Црното Море“, како и „распуштање на Заедничкиот координативен центар во Истанбул“, му рекол Лавров на својот турски колега, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Кремљ денеска го обвини Киев дека го користи поморскиот коридор, досега посветен на извоз на украинско жито, за воени цели, неколку часа откако Русија се повлече од клучниот договор за храна.