Лавров до Столтенберг: Ги пречекоривте овластувањата

lavrov-768x475.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го пречекори овластувањето на својата функција со заговарањето Киев да врши напади на руска територија, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.


„Се сомневам дека генералниот секретар може да преземе таква одговорност и да говори во името членките на блокот кога одредена тема дискутирана во рамките на Алијансата. Мислам дека ги надмина своите овластувања “, рече Лавров.

Столтенберг претходно денес изјави дека правото на Украина на самоодбрана го вклучува правото да пука кон легитимни воени цели надвор од територијата на таа земја.

Тој потврди дека поддржува укинување на ограничувањата за употреба на западно оружје на „легитимните цели“ на територијата на Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK