Кремљ за драмата во Белгород: Украина го свртува вниманието од губењето на Бахмут

кремељ
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обидот на украинската диверзантска група да влезе во регионот на Белгород е акција со која официјален Киев се обидува да ја минимизира политичката штета од загубата на Бахмут, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој кажа дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за ситуацијата во регионот и потврдил дека во регионот на Белгород се работи на протерување на саботерите од руска територија и нивно уништување, пренесува Тасс.


Во меѓувреме, украинскиот портал „Хромадске“ наведува дека украинската воена разузнавачка служба ги посочила „опозициски настроените граѓани на Русија“, членови на две паравоени групи, за вооружената операција во областа Белгород, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот портал наведува дека портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Јусов, изјавил дека за упадот се одговорни „Руската легија на слободата“ и „Рускиот волонтерски корпус“.

Британските медиуми пренесоа дека гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека украинска „воено-диверзантска група“ влегла на руска територија преку областа Граиворон, која се наоѓа во пограничната зона со Украина.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, пак, повтори дека Украина нема никаква врска со диверзантската операција во регионот Белгород во Русија.

„Украина со интерес ги следи настаните во Белгородската област во Русија и ја проучува ситуацијата, но таа нема никаква врска со операцијата. Како што знаете, тенкови се продаваат во која било продавница за воена опрема во Русија, а герилските групи се составени од руски државјани“, напиша Подољак на својот Твитер профил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK