Кралот Чарлс проговори откако беше соопштено дека принцезата од Велс има рак: „Горд сум на Кејт за нејзината храброст“

Кралот-Чарлс-закрепнува-добро-по-операцијата-пренесуваат-британските-медиуми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Откако принцезата од Велс Кејт Мидлтон објави дека боледува од рак, кралот Чарлс се огласи и рече дека е „горд на Кејт за нејзината храброст“.

„Ќе бидам во најблизок контакт со мојата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата откако беше објавено дека принцезата од Велс боледува од рак.

„Неговото височество ќе продолжи да ја изразува својата љубов и поддршка на целото семејство во овој тежок момент“, рекоа тие.

По неколку недели шпекулации зошто Кејт не е видена во јавноста, Кенсингтонската палата објави дека Кејт е во рана фаза на лекување од рак. Таа првично беше примена во болница на операција на абдоменот на 16 јануари и се сметаше дека нејзината состојба тогаш не е канцерогена, но ракот е откриен по успешната операција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK