Хилари Клинтон, реагирајќи на интервјуто на Такер Карлсон со рускиот претседател Владимир Путин, го нарече овој поранешен новинар на „Fox News“ „корисен идиот“, објави „The Hill“.
Во интервју за „MSNBC“, поранешната прва дама изгледаше неизненадена од веста и укажа на претходните коментари на Карлсон за војната во Украина.
„Тој кажува работи кои не се вистинити. Тој како папагал ги повторува купот лаги на Владимир Путин за Украина, па не гледам зошто Путин не би му дал интервју“, рече таа.
Клинтон, сугерираше дека Карлсон е за потсмев во руските медиуми.
„Ако навистина ги читате преводите на она што се зборува во руските медиуми, тие го исмејуваат, тој е како кученце“, рече Клинтон.
„Не би била изненадена ако добие договор за соработка со некој руски весник, бидејќи е корисен идиот“, додава таа.