Компанијата Мета им забрани пристап на руските државни медиуми на своите платформи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската технолошка компанија Мета го забрани работењето на руската медиумска компанија РТ и медиумската платформа „Расија сиводња“ на своите платформи, неколку дена откако администрацијата на Бајден ја обвини РТ дека делува како продолжение на московските шпионски агенции.



„По внимателно разгледување, ги проширивме нашите сегашни мерки против руските државни медиуми“, рече портпаролот на Мета во изјавата, според NBC. Администрацијата на Бајден претходно најави нови санкции во петокот, а претставник на Стејт департментот ја нарече РТ „полноправен член на разузнавачкиот апарат на руската влада“ за војната во Украина, пренесува Танјуг.

Американските власти тогаш ја обвинија РТ дека спроведува операции за тајно информативно војување низ светот во име на руските шпионски агенции. Министерството за надворешни работи на Русија објави дека земјите од таканаречениот колективен Запад вовеле околу 150 различни ограничувања против руските медиуми и новинари од 2022 година, пренесува Тас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK