Кина: Отворени сме за воени преговори со САД

kina-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кина е отворена за воена комуникација со САД, изјави кинескиот министер за одбрана Донг Џун на азискиот самит во Сингапур.

„Отсекогаш сме биле отворени за размена и соработка, но ова бара двете страни да се сретнат на половина пат“, рече Донг, кој во петокот се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Веруваме дека ни требаат повеќе размени токму затоа што има разлики меѓу нашите две армии“, додаде кинескиот министер.

Двајцата воени претставници разговараа повеќе од еден час во петокот на безбедносен самит на кој присуствуваа воени претставници од целиот свет.

По состанокот во петокот, Остин рече дека телефонските разговори меѓу американските и кинеските воени команданти ќе продолжат во наредните месеци.

Пекинг го поздрави стабилизирањето на односите меѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK