Кина бара од САД да го поканат лидерот на Хонг Конг на економска конференција во Сан Франциско

kina_34534543444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Кинеската влада денеска побара од САД да го поканат лидерот на Хонг Конг Џон Ли на меѓународна економска конференција во Сан Франциско, по наводите дека тој нема да може да учествува поради неговата улога во сузбивањето на продемократското движење.







Кинеското Министерство за надворешни работи побара од Вашингтон да ги укине „незаконските и неразумни“ санкции против Ли, што го нарече „малтретирање што сериозно ги крши основните норми на меѓународните односи“.

Повикувајќи се на неименувани американски претставници, Вашингтон пост претходно објави дека на Ли ќе му биде забрането да присуствува на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско во ноември, поради американските санкции кон него во 2020 година.

САД и другите земји ја обвинуваат Кина за кршење на автономијата на Хонг Конг, која ја гарантираше во 1997 година кога поранешната британска колонија повторно стана нејзин дел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK