(Видео) Двајца загинати во пукање во САД; испукани повеќе од 50 куршуми


sad-policija-Depositphotos_3885096_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа, а десетици беа повредени во пукање за време на улична забава во малото гратче Виена, во сојузната држава Џорџија, рано утрото во неделата.


Полицијата сè уште ги истражува околностите на инцидентот, кој се случи на собир што се протегаше низ четири градски блока. Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, ги идентификуваше загинатите како 21-годишниот Џаквион Џексон од Кордел и 23-годишниот Макалеб Џексон од Хокинсвил.

Тој не наведе дали тие биле во роднинска врска.

Директорот на Бирото за истраги на Џорџија (GBI), Крис Хоузи, во неделата вечерта потврди дека дел од повредените се здобиле со прострелни рани, но не можеше да даде точна бројка, пренесува АП.

„Сè уште работиме на тоа“, изјави Хоузи на прес-конференција.

Досега нема извршено апсења, а властите не соопштија можен мотив за нападот. Возраста на повредените се движи од 14 до 51 година, а тие се пренесени во неколку регионални болници. Пиви додаде дека некои од нив се во критична состојба, додека други се стабилни.

Според шерифот Пиви, повеќе од илјада луѓе се собрале на забавата. Биле испукани над 50 истрели на најмалку две локации, оддалечени приближно еден блок една од друга.

Виена е мал рурален град, на околу 210 километри јужно од Атланта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK