Ким Џонг Ун извршил инспекција на воен шпионски сателит, што треба да биде лансиран, објавија севернокорејските медиуми

kim-un
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го обиколи завршениот воен шпионски сателит што неговата земја треба да го лансира наскоро и изјави дека извидувањето од вселената е од клучно значење за спротивставување на Америка и Јужна Кореја, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Ким вчера го посети сателитот во Севернокорејската вселенска агенција и го одобри „идниот акционен план“ за неговото лансирање, објави денеска официјалната новинска агенција КЦНА.


Северна Кореја не објави датум за лансирање, но некои аналитичари велат дека тоа би можело да биде во следните неколку недели.

Лансирањето би користело ракетна технологија со долг дострел, чија употреба е забранета со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, иако Северна Кореја во претходните ракетни тестови покажа дека е способна да испрати сателит во вселената.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK