Кина затвори 107.000 лажни профили на социјалните мрежи

kina-profili
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеската Служба за киберпростор почна специјална кампања за прочистување на информациите на интернет, при што фокусот е насочен кон профилите на социјалните мрежи кои шират „лажни вести“ и се претставуваат како државни медиуми.







Кинескиот регулатор од 6 април затворил 107.00 профили на лажни новинарски екипи и отстранил 835.000 написи со лажни вести.

Потегот на Кина доаѓа додека другите земји се обидуваат да се справат со поплавата од лажни вести на интернет. Многу земји почнуваат да спроведуваат закони за казнување на прекршителите.

Дистрибуцијата на вести на кинеските социјални мрежи генерално е строго контролирана. Платформата како Веибо, слична на Твитер, нагласуваат теми што ги шират државните медиуми и цензурираат материјали за прашања или инциденти кои Пекинг ги смета за чувствителни, дури и ако има голем интерес за истите.

Кинеската Служба за киберпростор соопшти дека пронашла профили „маскирани“ како официјални медиуми, пресоздавајќи сцени од студио за вести и имитирање на професионални водители на вести користејќи вештачка интелигенција, со цел да ја доведат јавноста во заблуда.

Меѓу откриените лажни вести се жешки социјални теми и меѓународни актуелни настани, се наведува во соопштението на кинескиот регулатор.

Појавата на генеративна технологија за вештачка интелигенција, како што е „ЧетГПТ“ (ChatGPT), го подига нивото на претпазливост. Неодамна, во кинеската провинција Гансу беше приведен маж, кој се претпоставува дека користел „ЧетГПТ“ за да создаде лажна вест за железничка несреќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK