Kафето на Шолц и Орбан: Како се избегна ветото за отворање на преговорите со Украина

Орбан-Неопходно-е-да-се-заострат-правилата-за-азил-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Германскиот канцелар Олаф Шолц му предложи на унгарскиот премиер Виктор Орбан „ да се напие шолја кафе надвор од просторијата“ каде што лидерите на Европската унија одлучуваа за отворање на преговорите со Украина, со што двете страни го добија она што го сакаа, пренесе порталот „Политико“, повикувајќи се на извори во ЕУ, кои предлогот на Шолц го нарекоа „исклучителна стратегија“.

„Политико“ пишува дека Шолц и Орбан разговарале „настрана“, а потоа Орбан ја напуштил просторијата и на тој начин и овозможил на ЕУ да донесе историска одлука за отворање на преговорите со Украина.

Исклучителната стратегија на Шолц, како што изјавија за „Политико“ тројца функционери запознаени со деталите, натера многумина во Брисел и пошироко да „кренат веѓи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK