Јужнокорејски тим во посета на нуклеарната централа Фукушима

јужна кореја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тим од експерти на јужнокорејската влада денеска почна дводневна обиколка на нуклеарната централа Фукушима оштетена од цунамито во 2011 година за да се добие увид во контроверзниот план на Јапонија за ослободување на прочистена радиоактивна отпадна вода во морето.







Официјални лица од јапонската влада и операторот на централата Електро Енергија Токио (ТЕПКО) треба да однесат делегацијата од 21 член да посети повеќе објекти поврзани со третман, безбедносни проверки, транспорт и разредување на вода.

Планот предизвика силни протести од локалната рибарска заедница, која е загрижена за безбедноста. Соседните земји, вклучително и Јужна Кореја, Кина и островските нации на Пацификот, исто така, изразија загриженост за безбедноста.

Планот за ослободување на пречистената отпадна вода е особено чувствително прашање во односите меѓу Токио и Сеул, бидејќи двете земји се обидуваат да ги поправат затегнатите односи за да се соочат со поголеми предизвици како што се безбедносните закани од Кина и Северна Кореја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK